Синиот круг на Битола

Вчера на Плоштадот Магнолија, под моторо Синиот круг на Битола се одржа првиот од серијата настани на караванот  посветен на подигање на свеста за дијабетесот и промовирање на поздрава, посреќна заедница, во организација на Здружението на дијабетичари на Општина Битола.
Пред бројна публика, гости, членови на здружението и донатори се изрази посветеноста и каузата за поддршка на лицата кои се соочуваат со дијабет и како да се помогне преку здрава исхрана, работа на психолошкото здравје и примена на современите фармаколошки иновации кои можат да имаат позитивно влијание врз животите на оние кои се погодени од дијабетот.
“Го избравме синиот круг како симбол за овој настан, кој претставува единство, надеж и солидарност. Тоа е симбол кој длабоко резонира со мисијата што ја започнавме – да создадеме посилна, поинформирана заедница која ќе стои заедно против предизвиците што ги носи дијабетесот.
Исто така, би сакала да ја изразам нашата срдечна благодарност до нашите спонзори и поддржувачи кои навистина придонесоа да се овозможи овој настан. Преку нивната непоколеблива поддршка денес и во следните денови на овој караван кој ќе ги посети и сите соседни мали општини и населени места околу Битола, можеме да се здружиме и да ја расветлиме важноста на свеста и едукацијата за дијабетесот”-истакна Душанка Атанасовска, претседателка на Здружението на дијабетичари на Битола.
Вклученоста на спонзорите и донаторите служи како потсетник дека позитивната промена се постигнува преку соработка и заедничка цел.
Организаторот упати посебна благодарност кон спонзорите и донаторите кои преку продажба на производи вчера на Плоштадот Македонија помагаат Здружението на дијабетичари на Битола да издаде нови едиции на едукативен материјал за своите членови и да организира трибини потребни за континуирана едукација на тоа да се живее со дијабет.
Поддржувачи на овој настан беа:
Агенцијата КОНЕКТ од Скопје која од своето формирање има мисија да се вклучи во проекти кои прават разлика во заедницата,
Техномедика, Еурофарм, Match super food, ЗУР македонски ракотворби, ВеМилк, Сега и овде – психолошко советувалиште, Books House, Stefanо Production – моќта на аронијата, LaSoy LaCha, М&M creations и Божилак – психолошко советувалиште.
На настанот настапија ученици од Музичкото училиште и децата од градинката Мајски цвет.
You might also like