Кина: Во Вухан се затворени сите сообраќајни и транспортни мрежи
Во кинескиот деветмилионски град Вухан, во кој беше регистриран првиот случај на новиот тип на коронавирус, ќе бидат затворените сите сообраќајни и транспортни мрежи, а на граѓаните им е советувано да не го напуштаат градот, јавија кинеските државни медиуми.
Во прекин е автобускиот, подземниот, траектниот и меѓуградскиот сообраќај, а аеродромот и железничката станица ќе бидат затворени за сите патници во заминување од утре, 23 јануари, во 10 часот по локално време.
Бројот на жртви од новиот коронавирус во Кина од денеска е нараснат на 17, додека бројот на заболени порасна на 540, соопштија денеска здравствените власти.
Вирусот од Вухан досега се прошири и на други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макао и Хонг Конг, а потврдени случаи има и во САД, Тајван, Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја.