Коби Брајант и неговата ќерка загинаа во хеликоптерска несреќа
Легендарниот НБА играч, Коби Брајант трагично загина во хеликоптерска несреќа. Тој бил со неговата 13-годишна ќерка Џиџи.
Официјално се дознава дека 9 луѓе биле во хеликоптерот, 8 цивили и 1 пилот. Но не се знае причината за несреќата. Стотици луѓе се собираат околу „Стејплс центарот“, иако во објектот се предвидени други манифестации.
41-годишниот Брајант беше легенда на Лос Анџелес Лејкерс и целиот свој живот како играч им го посвети на „езерџиите“. „Црната Мамба“ имаше пет НБА-титули, а двапати беше МВП на финалињата.