,,Црвените фенери‘‘ во Скопје – Перформанс за сексуланата работа во излог на Универзална сала

Со тричасовен перформанс во Универзалната сала сексуалните работнички го донесоа Амстердам во Скопје. Овој перформанс има за цел да ја зголеми свеста за секуалната работа, но и за нејзина правна регулација.

-Легализацијата не е најпосакуваниот модел помеѓу сексуалните работници затоа што тој модел во целост не ги почитува човековите права на сексуалните работници. Затоа ние се залагаме за декриминализација односно отргнување на сите членови кои кривично ја санкционираат сексуалната работа, вели претседателот на здружението Стар Стар, Борче Манев Божинов за Сител Телевизија.

Колективот Стар апелира за почитување на нивните права, еднакво како и сите што ги имаат, во корона кризата. Велат дека  сексуалните работници останаа повторно на маргините, за време на кризата со ковид-19,  исклучени од сите мерки за помош.

Сексуалните работници беа засегнати од пандемијата. Многу од нив со цел да го заштитат сопственото здравје и здравјето на своите семејства мораа на некој начин да го редуцираат давањето на сексуалните услуги. Многу од нив се зависни од дневна заработувачка. И навистина се соочија и подлегнаа на сиромаштија. Од друга страна од државата добија една институционална шлаканица затоа што не беа опфатени во ниту еден сет економски мерки, вели Божинов.

Годинашнава кампања е насловена како „Ние“, и предводена од Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-Стар“.

„Скопје Ред Лајт дистрикт“ се одржува вторпат, првиот беше во 2017 година.

You might also like