Влијание на околината, личен избор или нешто друго? Дали знаете зошто луѓето најчесто пушат?

Во текот на поголемиот дел од 20 век, пушењето се сметало за општествено научена навика и личен избор. Дури во последната деценија почна да биде широко прифатена клучната улога на никотинот во одржувањето на однесувањето кон пушењето. Сега е познато дека пушењето цигари е првенствено манифестација на зависност од никотин и дека пушачите имаат индивидуални карактеристични преференции за нивото на внес на никотин. Пушачите го регулираат начинот на кој пушат и го вдишуваат чадот за да ја добијат саканата доза никотин.

Знаејќи колку е штетно пушењето и дека луѓето првенствено пушат поради никотинот, цврсто е утврдено верувањето дека никотинот е главниот проблем со пушењето и примарна причина за болести поврзани со пушењето. Сепак, науката тоа го негира, велејќи дека опасноста всушност демне во чадот цигарите, пред сè поради повеќе од шест илјади супстанции кои се ослободуваат со согорувањето на тутунот. Некои од овие штетни и потенцијално штетни состојки може да предизвикаат разни видови на сериозни болести.

Од друга страна, никотинот е супстанца која се наоѓа во растението тутун. Не е без ризици, но докажано е дека не е главниот виновник за болестите од пушењето. Всушност, неговиот најголем „грев“ е тоа што предизвикува зависност.

Дали има решение за пушачите? Научниците и здравствените работници се согласуваат дека единственото најдобро решение за пушачите е да се откажат од тутунот и никотинот засекогаш. Сепак, и покрај загрижувачката статистика дека денес во светот има околу една милијарда пушачи, се покажа дека волјата и решителноста, па дури и одредени здравствени проблеми, не се доволни за многумина засекогаш да се ослободат од оваа навика.

Поради оваа причина, сè поголем број експерти од областа на јавното здравје јавно се откажуваат од своите ригидни позиции во борбата против чадот од тутунот, гласно поддржувајќи го концептот за намалување на штети. Овој концепт претставува средно решение во борбата против пушењето и подразбира консумирање на помалку штетни алтернативни тутунски производи, базирани на технологија на загревање, наместо согорување на тутун. Овие алтернативи, доколку се научно засновани, ослободуваат никотин, главната причина зошто луѓето пушат, но не создаваат чад од тутун – најштетната состојка во цигарите. Секако, треба да се има предвид дека и овие алтернативи не се без ризик, бидејќи ослободуваат никотин, кој предизвикува зависност.

You might also like