Кирил Мишев: Мотивацијата е тесно поврзана за психологијата

Мотивацијата е поврзана со психологијата – укажува младиот психолот Кирил Мишев кој стои позади иницијативата Персона. Низ неколку прашања тој појаснува зошто е тоа така и што е важно да се знае за темата мотивација низ призмата на психологија. 

За месец февруари најавивте дека ќе ја работите темата мотивација, зошто и како мислите дека мотивацијата е поврзана со психологијата?

Оваа тема ја одбравме од веќе претходно направена анализа од нашите читатели каде што темата за мотивација имаше најмногу гласови. Па како што им најавивме на нашите читатели, дека секој месец подетално ќе се обработуваат  некоја тема која што самите ќе ја изберат и ќе имаат можност да научат нешто ново.

Мотивацијата е дел од нашиот живот и затоа е толку многу поврзана со психологијата, затоа што опфаќа многу аспекти од нас.  Доколку ја земеме во предвит хиреархијата на потреби од Маслов ќе забележиме дека, за да оствариме нешто од голем потенцијал, прво треба да ги задоволиме нашите основни потреби како што се  (храна, жед, одмор итн), а потоа да поминеме низ трите останати фази кои што се: безбедност/здравје, љубов/социјален живот, самодоверба и на крај, само-актуелизација (реализација или остварување на целта). 

 

Ова е само дел од теориите и начините на кратко како мотивацијата е поврзана со психологијата

Кои се најчестите грешни концепции кои ги имаат луѓето поврзани со мотивацијата?

 

Најчести грешни концепции кои луѓето ги имаат поврзано со мотивацијата и водат кон демотивација се 

  • Јас не можам, се откажувам!
  • Кога ќе пораснеш.
  • Затоа што мора да се направи. 
  • Ти мора да го знаеш ова… итн. 

Ова се само дел од речениците со кој се среќаваме и ни даваат лажна перцепција или слика за мотивацијата. Затоа што пред се мотивацијата доаѓа од нас самите и ние сме тие кои одлучуваат што е добро за нас и што треба да се прави, а не останатите. 

Во последно време излегуваат доста апликации и иницијативи за мотивација, дали мислите дека тоа е правилен начин да се мотивираат луѓето, и дали предизвикуваат позитивни чувства кај нив?

На оваа прашање ќе одговарам од мое лично гледање кон овии апликации. Нажалост да,  постојат многу апликации кои се превземани од западот и за нашата околина истите не одговараат. Тоа е затоа што овие апликации за момент ќе ве издигнат и ќе ве наполнат со голема мотивација и очекувања (нереални), а кога нема даго постигнете посакуваното и ќе се разочарате, наеднаш ве спуштаат на дното без да ви овозможат благ пад со поддршка, или по едноставно (нема кој да ве фати кога ќе паднете) – што доаѓа до поголеми проблеми. 

Кога говориме за нови генерации, говориме за така наречени миленијалци и генерација Зед, овие се генерации кои ги сметаме за digital natives, и тие се тие кои на интернетот говорат за ментално здравје, според вас како влијае мотивацијата врз овие генерации?

Ова прашање е многу комплексно генерално за целиот свет. Доколку јас лично би слушал некој мотиватор тоа би било сигурно некој мој колега/колешка без разлика од каде потекнува, затоа што сметам дека кога зборува за мотивација се води со лични, професионални и торетски потврдени факти, кои наоѓаат начин да ги поврзат со психологијата.

На вашата платформа говоревте и за работна мотивација, што е работна мотивација и зошто е важна?

Да имаме објавено содржина која се базира на факти според Фредриг Резберг и како тој ја дели работната мотивација.

Според мене работната мотивација е една од најважните мотивации во денешно време на брз живот, каде многу луѓе се демотивирани од нивните работни места и одат на работа механички за да опстанат. А за да се има една добра работна атмосфера според мене тимот за човекови ресурси тееба почесто да организира едукациски семинари со топ менаџерите, потоа тие да го пренесат нивното знаење на другите менаџер, лидери, под лидери, колеги итн каде што ќе се разгледуваат проблемите на вработените, ќе им се даде до знаење дека без обвинување и казна можат да го искажат своето мислење и да споделат доколку имаат проблем со некого од фирмата. А тимот од човекови ресурси да најде начин како без штета да го реши конфликтот и да даде мотивација да се продолжи со квалитетна и успешна работа. 

Преку Персона ги советувате луѓето за како да се спознаат себе си, како мислите дека може да се постигне тоа и зошто е важно?

Преку Персона платофрмата онлајн ние не можеме да дадеме конкретни совети, без да се разгледа причината или потребата на една индивидуа, може само да им дадеме насоки. Тоа што можеме е да им дадеме  квалитетно едуцирање и самите да спознаат што ќе земат и практикуваат, како нивна лична потреба. Верувам дека до сега, а и во иднина им го даваме на нашите читатели она кое што вистински треба да бидат информирани, а исто така и со следење на нивните потреби.

You might also like