Ќучук: АУЕ-ФОН не е само образовен центар туку има и посебна визија за трансатланска иднина во регионот

Во текот на своето постоење, Американскиот универзитет на Европа-ФОН се покажа како повеќе од центар за образование и знаење во Северна Македонија, со посебна визија за трансатлантската иднина на Регионот, рече европратеникот Илхан Ќучук кој е и Honoris Causa на АУЕ-ФОН, по повод 20-годишнината на Универзитетот.

– На овој посебен ден, на вашата годишнина, би сакал да ве уверам дека можете да сметате на поддршката од Европската Унија и нејзините институции и претставници, и Ви посакувам да продолжите со посветената работа на трансформирање на животите на студентите преку квалитетно образование додека градите европска припадност, додаде тој.

Ќучук рече дека токму АУЕ-ФОН посветува посебно внимание на европската интеграција и на унапредувањето, иновациите и размената на образовните практики, што е и една од причините за средба и соработка со негово посредништво со европските институции и универзитети во Белгија кон крајот на минатата година.

You might also like