Мои вести со Виктор Апостоловски: Не можам да поднесам трачеви

Интервју за рубриката Мои вести с  о пејачот Виктор Апостоловски

Какви вести сакате да чуете?

Среќни и убави! Доста е веќе од војни, пожари, болести, несреќи и слично! Нормално дека треба да се апелира кога е тоа потребно! И таквите вести мора да ги има!  Ама би било убаво кога би слушале малце повеќе за убавите работи што се случуваат низ светот! За убавите достигнувања! А ги има многу!

Која е последната вест која ја прочитавте?

Некаде прочитав дека во Кочани човек се полил со бензин и се запалил… Страшно!

Убава вест за вас е...

Се што е хумано! Позитивно! Секое добро дело, секоја ситница! Бидејќи никој од нас сам не може да го смени светот! Ама ако сите се потрудиме и направиме по една ситница на ден, тоа може во иднина многу да промени!

Какви вести не поднесувате?

Трач рубрика! На дедо ми сестра ти му била мајка на татко ти… Шпанска серија! Уствари по ново – Турска! 😂
Знам дека поголемиот дел од народот едвај чека да прочита нешто такво, бидејќи ги прави поубаво да се чуствуваат за себе, ама јас едноставно не ги можам.

Која е последната вест која се објави за вас?

– “Дали Виктор Апостоловски го сними до сега најпровокативниот македонски спот?!” 😂
и
– “Виктор Апостоловски во еротска сеанса” 😂

You might also like