Дизајнот ги надминува границите: Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода со Моден Викенд Скопје

Овој март, Амбасадата на Република Италија во Скопје, заедно со ITA – Италијанската
трговска агенција, East Gate Mall и Моден Викенд Скопје, ја завземаат културната сцена
со долгоочекуваните денови на италијанскиот дизајн. Настанот, кој годинава е под
мотото „Создавање вредности: инклузивност, иновации и одржливост“, ветува дека ќе
ја спои безвременската елеганција на италијанскиот дизајн со практиките за
одржливост што го тераат светот да размислува напред.

Чифте амам ќе биде локацијата на која на 14-ти март ќе биде свеченото отворање на
денови на италијанскиот дизајн со мастерклас на познатиот италијански дизајнер на
играчки Лука Боскардин. Неговата евокативна гостувачка изложба од Музејот за дизајн
ADI е посветена на 140-та годишнината од првото издание на Пинкио, прикажувајќи ги
проектите што го толкуваат наследството на „Авантурите на Пинокио“ преку
модерната визура на дизајнот.

Следниот ден, на 15-ти март, како и минатата година, така и оваа, East Gate Mall ќе
биде домаќин на модно шоу, во кое сите присутнои гости и посетителите на трговскиот
центар ќе ги дознаат најновите модни трендови од 20 врвни италијански брендови и
со тоа ќе се означи почетокот на 28-та сезона на Моден викенд Скопје. Модната ревија
ќе има за цел да ја спои традиционалната италијанска мода со современите трендови
и одржливите практики, поставувајќи нови стандарди во оваа индустрија.

„Неизмерно сме горди што и годинава како Моден Викенд Скопје сме тука со
Деновите на италијанскиот дизајн. Овогодинешната тема длабоко резонира со нашата
посветеност за промовирање дизајн кој ја вреднува инклузивноста, иновативноста и
особено одржливоста. Чест е да се соработува со вакви ценети партнери за да се
оживее оваа визија. Упатуваме топла покана до сите ентузијасти на модата, дизајнот и
одржливоста да ни се придружат во ова уникатно културно искуство кое ја слави
италијанската извонредност и го отвора патот за позелена иднина во модата“ – стои во
изјавата на организаторот.

Покрај Деновите на италијанскиот дизајн, Моден Викенд Скопје планира и низа
активности до крај на март насочени кон застапување на одржливи модни
иницијативи. Програмата вклучува интерактивни работилници, поп-ап локација Ready,
Steady, Shop! посветена на “бавната мода” и простор за  излагање на македонските
модни брендови, како и можности за вмрежување. Сите настани се  дизајнирани да
поттикнат подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење
преку модата и дизјанот.

Настанот ќе кулминира на 28 и 29 март со ревии на домашни дизајнери кои ќе ги
покажат своите креации, истакнувајќи ја моќта и креативноста на локалните модни
сили. Големото финале е закажано за 30-ти март, со Bridal Fashion Night, ветувајќи
ексклузивен избор на невестински колекции.

Серијата настани ја потврдува доминантната позиција на Скопје како растечки центар
за одржлива мода и дизајн во овој дел од светот, благодарејќи на Моден Викенд Скопје истовремено истакнувајќи ја заедничката глобална одговорност кон
одржливоста. Соработката меѓу италијанските и македонските културни сили означува
значаен чекор кон интегрирање на еколошките практики во рамките на меѓународниот
дизајн и модата.

Моден Викенд Скопје FWSK продолжува да биде во првите редови на прoмовирање на
иновативна и етичка мода. Со историја која опфаќа безмалку 15 год, FWSK е посветен
на поттикнување на модната индустрија која ги почитува и луѓето и планетата. 28
изадние на овој култен настан кој ја слави модата и дизајнот е подготвено да започне.

You might also like