Погледнете ја Нихао која ве води низ убавата Кина

Во недела на Телма телевизија во 12.30 часот, гледачите имаат можност да се запознаат со богатата кинеска традиција, архитектура, технологија, вештини, хармонија, филозофија, кинеска кујна, спорт, да ги почувствуваат нејзите мириси, звуци, да го почувствуваат вкусот на најубавиот чај на светот.

Eмисијата „Нихао” која на кинески јазик значи „Здраво” има за цел да го покаже вистинското значење на Кина, она што таа му го дала на светот во секој контекст.

Она што може да го вети тимот на „Нихао” е дека во новата година ќе дадат се од себе да ја запознаете Кина – таква каква што е сега- земја на милион можности, земја чија историја ве одушевува, а сегашноста ве фасцинира.

Чест и задоволство беше да се биде гостин во резиденцијата на Амбасадорот на НР Кина, Н.Е. Г-дин Џанг Ѕуо. За тоа кои се неговите цели, какви се неговите желби во Новата 2021 година, како и кога се прославува Новата година во Кина, како се справиле со корона кризата погледнете во првата емисија на “Нихао”.

You might also like