Интервју со портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху

Какви вести сакате да чуете?

Луѓето кои ме познаваат, знаат дека сум позитивен лик и секогаш сакам да споделувам позитивна енергија кон тие кои ме опкружуваат. Тргнувајќи од ова, претежно сакам да чујам позитивни вести, мада верувам дека ова би ви го одговорил секој на кој ќе му го поставувате ова прашање. За жал живееме во ера на кликови и во ера во која убавата вест не генерира популарност и за жал сме преоптеретени со негативни вести. Сепак тоа незначи дека ако си позитивно фокусиран нема да можеш да најдеш убави вести по медиумите.

Која е последната вест која ја прочитавте?

Се занимавам со професија која ми диригира создавање на вести и информирање на граѓани во врска со активностите кои ги прави градот, и токму овој факт ме тера да читам вести кои што се поврзани со тие активности. Моментално, дур ги одговарам овие прашања, градот откри голем скандал во врска со лошо третиран медицински отпад и таа е веста која ја гледам насекаде денеска. Сепак би сакал да го извлечам позитивното и од оваа вест, е тоа дека во блиска иднина во градот ќе имаме еден загадувач на животната средина помалце.

Убава вест за вас е…

Незнам дали постои дефиниција за убава или неубава вест. Тоа варира од човек до човек. Една убава вест за еден човек може да биде неубава за другиот. Лично за мене убава вест е добро пренесена вест, со добро истражувани факти, вест која нема за цел да манипулира јавност туку да информира коректно или да отвори конкретна тема, но квалитетно сработена.

Какви вести не поднесувате?

Генерално не поднесувам манипулативни вести. За жал последниве неколку години ваквите вести се повеќе и повеќе ги има насекаде. Тоа е тренд кој не го гледаме само во нашата држава туку и во целиот свет. Посакувам но и верувам да во иднина ќе се воспостави некој систем на контролирање на лажни вести или вести кои се пренесуваат кон јавноста, се со цел да се избегнуваат манипулации од секаков карактер. Ваквите вести често знаат да генерираат омраза особено кај луѓе кои имаат ниска толеранција, а тоа често поттикнува секаков вид на реакција од страна на читатиелите, дури на повеќе наврати и насилство. Медиумите и вестите создадени од нив се они кои го генерираат јавното мислење кај едно опшество и кои треба да го едуцираат (ако може така да кажам) едно опшество. Што поскоро се поправаме во оваа насока во толку поздраво и во по толерантно опшество ќе живееме. Од нас зависи!

Која е последната вест која се објави за вас?

Вести кои се поврзуваат лично со мене и нема да најдете многу по медиумите. Претежно моите појавувања во јавноста се поврзуваат со градот и активностите на градот. Пред неколку дена бев гостин во утринската емисија на МТВ2 каде што имавме прилика да разговараме цел еден саат за сите тие убави проекти кои градот ги прави, се со цел да им се подобри животот на ѓраѓаните кои секојдневно се движат во Скопје.

You might also like